Македонија Офанзивата вродува со плод

АНАЛИЗА: Борисов „изненаден“ зошто требало да се објаснува пред Кошта за Македонија, офанзивата на Владата на Мицкоски на меѓународен план вродува со плод

“Едноставно бев изненаден од објаснувањата што требаше да ги дадам“, изјави Борисов за разговорот за Македонија со претседателот на Европскиот Совет, Кошта. Како поинаку да се сфати оваа реченица, освен дека Бугарија е притисната да објасни зошто ја блокира Македонија во ЕУ и дека нивната прикаска не „држи вода“, ценат познавачите за Курир. Во превод, национал-шовинистичката обланда која официјална софија ја продаваше во Брисел, веќе нема ист „помин“ како порано.

Изјавата на Борисов е силен доказ дека офанзивата на Владата на Христијан Мицкоски која, за разлика од претходната влада на СДСМ/ДУИ, на секоја средба со претставници од Европа и САД ја потенцира македонската вистина и факти, вродува со директен и конкретен плод.

АНАЛИЗА: Борисов „изненаден“ зошто требало да се објаснува пред Кошта за Македонија, офанзивата на Владата на Мицкоски на меѓународен план вродува со плод

Поранешниот бугарски премиер и лидер партијата ГЕРБ, Бојко Борисов многу јасно и директно соопшти дека силно се загрижил од офанзивата на македонските власти на меѓународен план и од губењето на позициите на Бугарија. Соочен со овој факт, Борисов упати несвојствен апел до останатите политички фактори во Бугарија да побрзааат со формирање влада за да го спречат прогресот на Македонија кој се oдвива „мимо“ интересите на Софија.

Борисов изјави дека вчера разговарал со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта за состојбата на државата на меѓународен план, но и за случувањата во врска со соседна Република Македонија, пренесе БТА.

„Од разговорот (со Кошта) разбрав дека во текот на овие години имаше многу процеси за Македонија во Брисел, во нашите партнерски земји во НАТО, без учество на Бугарија, и се изгуби многу време. Едноставно бев изненаден од објаснувањата што требаше да ги дадам. Мораме да формираме влада и да застанеме многу цврсто на својот став“, изјави Борисов пред новинарите во бугарскиот парламентот.

Внимавајте: “Едноставно бев изненаден од објаснувањата што требаше да ги дадам“, изјави Борисов. Како поинаку да се сфати оваа реченица, освен дека Бугарија е притисната да објасни и да приложи вистински аргументи зошто ја блокира Македонија во ЕУ. Во превод, национал-шовинистичката прикаска која официјална Софија ја продаваше во Брисел, очигледно веќе не држи вода.

Ова е силен доказ дека сликата за Македонија кај челниците на ЕУ и НАТО рапидно се менува во позитивна насока за Македонија и во наша корист, велат познавачите на состојбите за Курир. Изјавата на Борисов е силен доказ дека офанзивата на Владата на Христијан Мицкоски која, за разлика од претходната влада на СДСМ/ДУИ, на секоја средба со претставници од Европа и САд ја потенцира македонската вистина и факти, вродува со директен и конкретен плод. Заев и Ковачевски и нивните министри правеа се’ само за да останат на власт, притоа не трудејќи се да ги побијат неаргументираните ставови на Бугарија, со надеж дека тоа ќе ги оддржи на власт за да можат да продолжат да крадат, тендерисуваат, грантисуваат.

Најдобра, пластична слика за нивното владеење и мотивите за него се последните акции на МВР, кои опфатија плејада високи функциоонери на ДУИ и СДСМ, фатени во масивен криминал и корупција. Надворешната политика била најмало „гајле“ за тогашната, не случајно наречена, „тендер-коалиција“, ценат аналитичарите.

Сега, сликата за Македонија кај меѓународната заедница се менува, само и само затоа што новата Влада работи поинаку, со вистински мотиви и не пропушта да ја претстави реалната слика и силните аргументи, застапувајќи ги притоа, за промена, македонските национални интереси.  Таков е и случајот со Бугарија, која преку телалот Борисов, укажа на уплавот кој се јави кај бугарските политичари, кои сега се најдоа во небрано и мораат да се правдаат пред Функционерите на Европската Унија, како што е случајот со Претседателот на Европскиот совет, Кошта, кој „го изненадил“ Борисов, навикнат дека досегашните македонски власти премолчуваа за да добијат бугарска поддршка.  Затоа, велат познавачите, не зачудува апелот на Борисов до одтанатите политички опоненти во Бугарија, што побрзо да се оформи влада во Софија за да се спречи прогресот на Македонија. Акти кои укажуваат на новите, позитивни ветришта за Македонија.

Во контекст на ова, тој дури и најави  дека денеска (18 декември) ќе оди во Брисел на Самитот ЕУ-Западен Балкан и оти Бугарија треба да повторно да си ја зајакне позицијата во регионот.

„Бугарија може и треба да се врати и да застане таму каде што беше пред четири години“, рече Борисов, јасно потврдувајќи дека неговата држава ги губи позициите кои досега ги имаше во класичната уцена на нашиот евроинтеграциски пат.

Најнови вести од Македонија

To top