Македонија

„Ако Спасовски се согласува со Агелер, тогаш да си поднесе оставка, зошто од 10 години за кои зборува таа тој е министер скоро 9“

„Ако Спасовски се согласува со Агелер, тогаш да си поднесе оставка, зошто од 10 години за кои зборува таа тој е министер скоро 9“

Го повикуваме Спасовски да се разбуди или да се отрезни. Трагедија е сама по себе неговава изјава дека се согласува со Агелер дека неказнивоста на криминалците е голем проблем на државата, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ако се согласува со Агелер нека си поднесе оставка, зашто од 10-те години за кои збори Агелер тој е министер за внатрешни скоро 9 години. До толку е забеган што не сфаќа дека согласувањето е и признание за сопственото промашување и невршење за својата обврска за што мора да сноси одговорност. За овие случаи, народот вели ем шуто ем боде, потенцираат од партијата.

To top