Македонија Ахмети V.S. САД, втор дел...

Ахмети го чека Годо

Жанровски, пак, Ахмети е во антидрама, некој малоречански театар на апсурдот. И тој, исто како Владимир и Естрагон во антологискиот „Чекајќи го Годо“ на Бекет, го чекa својот Годо, востоличен и олицетворен во ликот и неделото на Артан Груби. Ќе се врател, вели Ахмети. Веројатно утре, можеби денес, а најверојатно вчера…

Ахмети го чека Годо

Али Ахмети е заглавен во времето. Не, не дејствува како пред 22 години, не смее по шлаканиците со Црните листи и пораките „во шише“ кои беа дел од нив. Сега, според последната национал-романтичарска изјава за „албански територии“ на кои се криел Груби, првиот човек на ДУИ е некаде во 19-от век. Максимум. Жанровски, пак, во антидрама, некој малоречански театар на апсурдот. И тој, исто како Владимир и Естрагон во антологискиот „Чекајќи го Годо“ на Бекет, го чекa својот Годо, востоличен и олицетворен во ликот и неделото на Артан Груби. Ќе се врател, вели Ахмети. Веројатно утре, можеби денес, а најверојатно вчера…

Дека лидерот на интегартивците е во некој филм од типот на „и така мрморецот ја виткаше чоколадата во сребрена фолија“, покажува и изјавата која е надвор во реалноста. Замислете, Груби, Годо ли, не бил во бегство, тврди Командантот за својот лојален војник, како што самиот Артан се декларираше во април годинава.

Ахмети, кој во Косово учествуваше на приемот за ветераните УЧК (во време кога се најавува расчистување со злосторствата против човештвото на Балканот) што вчера го организираше претседателот на Алијансата за иднината на Косово на Рамуш Харадинај, во изјава за медиумите во стил на Баба Ванѓа или поверојатно Клеопатра пророчица откри дека знае каде се наоѓа Артан Груби и дека истиот наводно бил подготвен да се појави пред органите на правдата, „но не во одмаздничката и селективна правда“, каква што за да не се врати си ја замисли Артан, туку во процес на ветинг за сите функционери до денес. Значи, Артан демек ќе се врати кога ќе се спроведе она што ДУИ 22 години на власт постојано го зборува, но никако да го оствари. Сега во опозиција. Во превод, Артан ќе се врати „вчера“.

„Не сум го сретнал Артан Груби. Тој е добро, неговата локација е секако во албанските простори, тоа е процес кој мора да има епилог. Aртан Груби не избега од Македонија. Артан Груби е подготвен да се појави пред органите на правдата, да ги почитува законите, но не во одмаздничката и селективна правда. Ние сме подготвени да одговориме во секој момент и побаравме да се направи ветинг во државата и да се отворат сите политички партии, да се отвори истрага за сите функционери до денеска. До последната точка ќе работиме и ќе се бориме, ќе наредуваме и ќе отвориме истрага за сите“, изјави Ахмети.

Нејсе што Ахмети се конфронтираше со својот пулен Бујар, кој виде шанса да го замени Груби и сочно го испоплука бегалецот од правдата. Тешка статива за Османи, кој ја потцени љубовта на Командантот кон својот политички посинок Артан. И додека Али го чека Годо, ОЈО го чека да каже каде е Артан. Или, барем, треба да го повика и дочека, секако, ако наеднаш пак не ги фати мешето, дијареа, разно-разни вируси и еди-којси „сериозен“ здравствен проблем предизвикан од промаја, седење на цемент или пиење ладна вода.

Во меѓувреме, најдени во немилост на Америка и соочени со половина партија на Црни листи на САД, очебијна е задоцнетата трансформација во која интегративците и Али станаа невидени прадвољупци и ветингари. Прашањето е само уште колкумина ќе пребегаат кај Груби на „албански територии“, бидејќи во меѓувреме се крчкаат уште многу обвиненија и за нив и за врхушката на СДСМ. Ќе ги земат ли со себе и довчерашните коалиционери и соучесници во криминалот? Знаеме и дека сите ќе се вратат како Артан, кога „ќе има услови за тоа“ и кога ќе нема „селективна и одмаздничка правда“ Во превод, ќе дојдат кога ќе дојде и Годо. Никогаш…

Љупчо Цветановски

 

Најнови вести од Македонија

To top