Македонија фзом

Аџигогов: Знаат ли што воопшто работиме во ФЗО или гајле им е?

Утре(понеделник) во 12 часот, ќе се одлучува по 6ти пат дали ќе имаме иста плата или ќе ни се намали 21%. Скопска и Централа пред ФЗО ќе дојдат да дадат поддршка, да остане иста. Претседателот на Упоз и Јас ќе имаме изјави за медиумите, напиша на Фејсбук претседателот на синдикатот на ФЗОМ, Бранко Аџигогов.

Во продолжение во целост ви го пренесуваме неговиот Фејсбук статус:

Што ќе беше работава за нашиве платичиња толку да се закачат, да ни се намалат?!?.

А избори утре, а избирачки список прочистување? Знаат ли што воопшто работиме во ФЗО или гајле им е?
Во моментов вештачки на пензионерите и невработените им чуваме осигурување, од нова година немаат. Тоа значи нема рецепти за лекови, упати за прегледи. Поради неплатени придонеси за нив, од шупље у празно, вработените прават гимнастика, само да се пуштат плати за јавно здравство, капитација за примарно, буџети за приватно, лекови во аптеки.

Да се овозможи колку толку рефундација на лек, да се платат боледувања и породилно.Па се мисли ли трезвено во државава, утре нема тоа да го прават и… Да крахира здравство. Најстрашно е што имаме пари и историски најголем буџет по сите параметри имаме.

Се е тоа пари од придонес за здравствено.. не бараме ништо ни од патишта ни од гориво ни од царини ни од ДДВ.. Психолошка тортура вработените имаат од почетокот на годината, работат цел месец а не знаат дали ќе си ја земат платата или ќе им се намали 21%.

А можно е воопшто да не ја ни земат. Па што проклет народ ќе бевме , што его ќе имаше, да оставиш 830 фамилии поради администравна грешка на некој си во ФЗО или во МФ.. ГОСПОДЕ БОЖЕ

Најнови вести од Македонија

To top