Македонија ДУИ

Адеми: Пендаровски направи голема грешка со непотпишувањето на указот за Законот за игри на среќа

-Кој е против донесувањето на овој закон? Кој протестира надвор? Кој протестира пред Собранието? Казината и обложувалниците. Кој е за овој закон – ДУИ и сите тие пратеници 55 кои гласаа на второ читање за донесување на овој закон, рече тој.

Адеми: Пендаровски направи голема грешка со непотпишувањето на указот за Законот за игри на среќа

Потпретседателот и портпарол на Демократската унија за интеграција, Арбр Адеми денеска изјави дека претседателот на државата Стево Пендаровски направил голема грешка со непотпишувањето на указот за Законот за игрите на среќа и за забавните игри. Потенцира дека тој со тоа ги штити Асоцијацијата на казината и обложувалниците.

Адеми очекува на пленарната седница закажана за на 28 февруари, Законот во трето читање да биде изгласан.

– На 28-ми е предвидена седница во Собрание, тоа е следна недела каде точка на дневен ред е токму овој закон и очекувам дека пратениците ќе бидат на страна на граѓаните, како и на страната на Движењето антикоцкање. Доста е со казина и обложувалници во секое ќоше секаде. И секаде, речиси и во дворовите на училиштата. Јас само една можам да ви кажам дека според правната рамка најдоцна во рок од 30 дена Собранието пак треба да се изјасни за Предлог-законот. Веќе добиваме поддршка од сите пратеници и со апсолутно мнозинство, со 61 глас очекувам дека на трето читање ќе биде усвоен овој закон и така ќе го штитиме интересот на граѓаните, рече тој.

Коментирајќи на одлуката на албанскиот Парламент да ја укине четиригодишната забрана во делот обложувањето по допис од Европската Комисија бидејќи премногу се коцкало на црно, Адеми рече дека таму се целосно затворени објектите на игрите на среќа и посочи дека законот во нашата земја не го вели тоа.

-Таму целосно се затворени и во Албанија и во Косово. Нашиот предлог не вели така. Нашиот предлог ако го читате вели дистанца од 500 метри, иако нашето барање беше илјада метри. Тој предлог беше доставен во редовна постапка во Комисијата за финансирање и буџет речиси пред три години. За две години кадарот на ВМРО-ДПМНЕ кој ја води Комисијата за финансирање и буџет не свикал седница за пратениците да може да го изразат нивниот став, а на крај со слободна волја и да гласаат, рече Адеми.

Обвини дека тоа е блокада и опструкција само да се штити интересот на мафијата, на казината и обложувалниците кои се отворени секаде.

-Кој е против донесувањето на овој закон? Кој протестира надвор? Кој протестира пред Собранието? Казината и обложувалниците. Кој е за овој закон – ДУИ и сите тие пратеници 55 кои гласаа на второ читање за донесување на овој закон, рече тој.

Адеми нагласи дека за овој закон има предлог и од Алијансата за Албанците со кој се предвидува казината да бидат сместени само во хотели со пет ѕвезди.

Прашан какви им се односите со претседателот Пендаровски по непотпишувањеот на указот за Законот за игрите на среќа и забавните игри, Адеми истакна дека имаат добра соработка и комунација со него.

-Ние имаме добра комуникација и соработка со г. Пендаровски. Како што истакна вчера и претседателот Ахмети му посакуваме добро здравје и успех, а во врска со непотпишување на законот за кој гласаше мнозинство на пратениците во Собранието најдобриот одговор го доби од самите граѓани. Сега се поставува прашањето на која страна сме ние, чиј интерес штитиме – на граѓаните, на движењето антикоцкање или сме на страната на казината, на обложувалниците кои веќе се отворени секаде, рече Адеми.

Одговарајќи на новинарско прашање дали ДУИ ќе поддржи законски измени за продолжување на важноста на патните исправи, нагласи дека последиците за граѓаните ќе бидат поголеми ако не го почитуваат тоа што е договорено.

-Токму затоа што сме на страната на граѓаните не сакаме да преземеме некој чекор сега чиишто последиците сите ние тука ќе ги носиме. Сме преземале одговорност, сме преземале обврска и тоа треба да го почитуваме. Последиците за граѓаните ќе бидат поголеми ако ние не го почитуваме тоа што сме го договориле. Затоа, штитејќи го интересот на граѓаните, на сите нас постапуваме одговорно кон сите прашања, рече тој.  (МИА)

Најнови вести од Македонија

To top