Македонија мнр

11 повредени македонски државјани во сообраќајната несреќа во Италија пуштени се дома, хируршки ќе се интервенира само кај еден патник

Во врска со вчерашната сообраќајка во Италија, Министерството за надворешни работи преку Амбасадата во Рим доби информации дека по соодветна лекарска помош за добиените лесни повреди во болница во градот Сан Бенедето дел Тронто 11 патници, државјани на Северна Македонија во текот на вчерашниот ден беа пуштени дома во добра здравствена состојба.

11 повредени македонски државјани во сообраќајната несреќа во Италија пуштени се дома, хируршки ќе се интервенира само кај еден патник

Додека 12-тиот патник, наш државјанин се наоѓа во болница во Анкона, каде што во текот на денешниот ден ќе има хируршка интервенција за добиените повреди во нога и рака.

Министерството преку Амбасадата во Рим останува во континуирана комуникација со надлежните италијански институции, кои работат на целосно расчистување на случајот.

Најнови вести од Македонија

To top