Култура Свечена академија

Академија во МАНУ по повод 98 години од печатењето на Македонскиот АБЕЦЕДАР во Грција

Свечена академија посветена на 98-годишнината од печатењето на Македонскиот АБЕЦЕДАР во Грција во 1925 година денеска ќе се одржи во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Академија во МАНУ по повод 98 години од печатењето на Македонскиот АБЕЦЕДАР во Грција

Организатори на академијата се Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Здружението Сонцето од Кутлеш од Скопје.

Реферати на свечената академија ќе поднесат проф.д-р Нада Јурукова, проф.д-р Елка Јачева Улчар и проф.д-р Виолета Ачкоска.

To top