Вести Италија ќе тргне јако

Киеза: Имаме лоши спомени со Македонија, за Италија ова е како нов плејоф

Италијанската фудбалска репрезентација и денеска ќе ја има улогата на фаворит против Македонија, но и на оваа средба влегува со одреден страв поради последните соочувања со нашиот национален тим.

„Азурите“ ќе бркаат победа поради императивот да обезбедат место на ЕП 2024, но нашите репрезентативци не само што не загубија во Скопје, туку се уште се „кошмар“ за италијанските фанови поради големата победа во Палермо во плеј-оф битката за претходниот мундијал.

Федерико Киеза ги пропушти претходните натпревари на својата репрезентација, но сега е подготвен да биде еден од лидерите на теренот, а и самиот побара претпазливост во соочувањето со секогаш незгодната селекција.

– Очекувам тежок натпревар, имаме лоши спомени од дуелите со Македонија, но ќе потсетам дека секој меѓународен натпревар е комплициран и незгоден.

– За нас овој мини-циклус е како плејоф, мора да ги добиеме двата натпревара, емоциите и одговорноста потсетуваат на таа епизода во Палермо, но се надевам дека на „Олимпико“ ќе биде поинаку. Мора да работиме напорно и да победиме, Италија мора да игра на ЕП, – изјавил Киеза.

Најнови вести од Вести

To top