Хроника немало траги на насилство

Жител на скопско Батинци пронајден починат во неговиот дом

На 18.11.2023 околу 14.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во својот дом во с.Батинци, скопско, бил пронајден починат Б.С.(66) од с.Батинци.

Жител на скопско Батинци пронајден починат во неговиот дом

Полициски службеници од Полициската станица Драчево излегле на местото, а од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Теми на денот

To top