Хроника познати идентитетите

Убиство во кумановско: Брат пукал во сестра си и нејзините синови

Од МВР за Курир потврдуваат дека е случено убиство.

Убиство во кумановско: Брат пукал во сестра си и нејзините синови

Три лица денеска се застрелани, а двајца од нив починале, откако брат пукаше во својата сестра и нејзините два сина во кумановското село Габреш.

Од МВР за Курир потврдуваат дека е случено убиство.

Осомничениот Д.Ѓ. (66) е лишен од слобода.

-Поради нерасчистени имотно правни односи Д.Ѓ. (66) пукал од огнено оружје кон неговата сестра Д.Р.(63), и нејзините синови Ж.Р.(36) и Т.Р.(38). Итна медицинска помош констатирала смрт кај Д.Р. и Т.Р., информираат од МВР за Курир.

Ж.Р. (36) со повреди е пренесен во Општа болница Куманово.

Полициски екипи вршат увид.

To top