Хроника СВР Скопје

Три лица повредени во сообраќајна несреќа

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.    

Три лица повредени во сообраќајна несреќа

На 03.04.2024 во 06:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Карпошово Востание“ и ул.„Драгиша Мишовиќ“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(24) од с.Љубанци, скопско и патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(57) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.С., а со телесни се здобиле С.Т и сопатничката од возилото „опел вектра“, А.М.С.(21) констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

To top