Хроника

ТРАГЕДИЈА ПОПЛАДНЕВО ВО СКОПЈЕ: Мотоцикл излетал од патот и удрил во бетонски столб, загинаа две лица

Попладнево во Скопје се случи трагична сообраќајна незгода кога мотоцикл излетал од коловозот и удрил во бетонски столб.

ТРАГЕДИЈА ПОПЛАДНЕВО ВО СКОПЈЕ: Мотоцикл излетал од патот и удрил во бетонски столб, загинаа две лица

Две лица го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска попладне на крстосницата меѓу булеварите 8 Септември и Никола Карев во Скопје, откако мотоцикл со скопски регистарски таблички излетал од коловозот и удрил во бетонски столб.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во 18:23 часот.

-Возачот на мотоциклот и сопатникот починале на самото место, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош, соопштија од МВР.

Полицијата изврши увид на местото на несреќата, а повеќе детали се очекуваат по завршувањето на истрагата.

To top