Хроника

Тинејџер со автомобил удрил малолетничка, девојчето тешко повредено

Тинејџер со автомобил удрил малолетничка, девојчето тешко повредено

Вчера (8 февруари) во 18 часот во СВР Тетово пријавено е дека на улица „101“ во Гостивар патничко моторно возило „фолксфаген поло“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од 18-годишниот Н.З. од гостиварски Балиндол удрило во малолетничка од Гостивар.

-Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, а нешто подоцна Н.З. е лишен од слобода, информира МВР.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

To top