Хроника изгубил контрола и паднал

Тешко повреден возач на мопед

Тешко повреден возач на мопед

На 20.11.2023 во 18.30 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на ул.„Ставре Ставров“ во Неготино, Р.В.(57) од Неготино, управувајќи мопед „лонгија“ со неготински регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во несреќата Р.В. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци.

Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Неготино.

 

To top