Хроника Сообраќајна несреќа

Тешко повреден пешак, избегал возачот кој го удрил со автомобил

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Тешко повреден пешак, избегал возачот кој го удрил со автомобил

На 23.12.2023 во 12.30 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил донесен А.В.(48) од Свети Николе со тешки телесни повреди здобиени во сообраќајна несреќа.

Од страна на полициски службеници од СВР Скопје е извршен разговор со А.В. и констатирано е дека на крстосницата од ул.„Ацо Шопов“ и ул.„1409“ како пешак бил удрен од патничко моторно возило „голф“, кое го напуштило местото на настанот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

To top