Хроника Сообраќајна несреќа

Тешка сообраќајка во Македонија, повредени се 6 лица

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Неготино.   

Тешка сообраќајка во Македонија, повредени се 6 лица

На 23.12.2023 во 21:00 часот било пријавено дека на локалниот пат Неготино-с.Курија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „пасат“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Н.Ѓ.(52) од Неготино, и патничко моторно возило „опел корса“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Н.П.(44) од Неготино.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Н.П. и малолетна сопатничка од возилото „опел корса“, а со телесни повреди се здобиле уште три сопатнички од истото возило како и возачот Н.Ѓ.,.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Неготино.

To top