Хроника трагедија

Тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Охрид-Ресен, еден загинат

Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа која вечерва околу 20 часот се случи на магистралниот пат Охрид-Ресен кај село Куратица, дознава Курир.

Според неофицијални информации во несреќата учествувале мотоциклист и автобус.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, во изјава за Курир потврди дека имаат пријава за случена сообраќајна несреќа на овој патен правец.

Полициски екипи вршат увид на местото на несреќата. Повеќе информации ќе бидат познати во текот на утрешниот ден, изјави Димоски.

Во 22:15 часот сообраќајот на магистралниот пат е нормализиран.

To top