Хроника Попладнево

Сообраќајна несреќа на скопска обиколница, еден автомобил смачкан

Очевидец на сообраќајката вели дека двајцата возачи биле во свесна состојба и дека е причинета само материјална штета.

Сообраќајна несреќа на скопска обиколница, еден автомобил смачкан

Сообраќајна несреќа се случи попладнево на скопската обиколница.

Несреќата се случила околу 17 часот, сообраќајот не беше во целосен прекин, туку оневозможен само во едната лента каде се наоѓаа двете возила.

Очевидец на сообраќајката вели дека двајцата возачи биле во свесна состојба и дека е причинета само материјална штета.

Како што може да се види од фотографијата на КУРИР, едниот автомобил е смачкан во предниот дел.

 

 

To top