Хроника СВР Куманово

Скопјанец изнајмил возило, па со фалсификувани печати си направил купопродажен договор

Пријавениот, на 13.12.2023 од фирма од Куманово, сопственост на С.И. од Куманово, изнајмил патничко возило со договор дека ќе го врати на 23.12.2023.

Скопјанец изнајмил возило, па со фалсификувани печати си направил купопродажен договор

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Х.З.(22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“ и „фалсификување исправа“.

Пријавениот, на 13.12.2023 од фирма од Куманово, сопственост на С.И. од Куманово, изнајмил патничко возило со договор дека ќе го врати на 23.12.2023.

Но, тој не го вратил и со фалсификуван печат од наведената фирма и фалсификуван печат од нотар од Скопје направил фалсификуван купопродажен договор склучен на 02.11.2023 година.

To top