Денеска (21.04.2024) во 03:45 часот, полициски службеници од Полициската станица Ресен го лишиле од слобода Д.К.(25) од ресенско село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички го нападнал својот татко.
Насилниот син при нападот употребил и тврд предмет.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.