Хроника мвр

Расчистени четири разбојништва во Скопје, одреден притвор за разбојникот

На 13.03.2024 во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ш.И.(32) од Скопје, кој бил баран поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво” на територијата на Скопје.

Расчистени четири разбојништва во Скопје, одреден притвор за разбојникот

Денеска (14.03.2024) СВР Скопје – ЕВР Карпош – Одделение за криминалистички работи Карпош до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Ш.И. поради постоење основи на сомнение за извршени четири кривични дела „разбојништво”, казниво по член 237 од Кривичниот законик.

Од судија на претходна постапка на Ш.И. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Теми на денот

To top