Хроника

Ранет скопјанец, две лица пукале кон него во Ѓорче Петров

Ранет скопјанец, две лица пукале кон него во Ѓорче Петров

На 27.09.2023 во 00:05 часот во СВР Скопје било пријавено дека подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, две лица пукале кон А.В.(31) од Скопје и му нанеле прострелна рана.

Од пукањето било оштетено и едно паркирано возило „цитроен“.

А.В. бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување помош, а увид на местото извршила екипа на СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

To top