Хроника

Кривична пријава за измамници: Лажно се претставувале и нуделе поевтини градежни материјали

На тој начин, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 281.600 денари.

Кривична пријава за измамници: Лажно се претставувале и нуделе поевтини градежни материјали

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.А.(37) од Скопје, А.В.(33) и И.С.(37), двајцата од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторени повеќе кривични дела „измама“.

-Тие, во текот на јануари и февруари оваа година, со јавувале на мобилни телефони на повеќе граѓани од Охрид и Струга, претставувајќи се лажно како вработени во градежни фирми и им нуделе градежни материјали по поевтини цени, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

На тој начин, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 281.600 денари.

To top