Хроника Го признал делото

Приведен крадец во Куманово, одземеното пронајдено и вратено на сопственикот

По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Приведен крадец во Куманово, одземеното пронајдено и вратено на сопственикот

На 26.11.2023 во 20:00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Д.(32) од Куманово.

Тој се сомничи дека на 24.11.2023 од трговски објект на улица „Иво Лола Рибар“ во Куманово одзел повеќе предмети.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а Д.Д. бил задржан во полициска станица и во службен разговор го признал делото.

По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Теми на денот

To top