Хроника Дебар

Приведен бегалец од затвор, осуден на казна од шест години

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.

Приведен бегалец од затвор, осуден на казна од шест години

На 08.02.2024 околу 13:45 часот на раскрсница помеѓу с.Бомово и Дебар , во близина на државната граница со Р.Албанија полициски службеници од Полициска станица за гранични проверки и граничен надзор Блато го лишиле од слобода М.А . (31 ) од Дебар.

Тој бил осуден на казна затвор од шест години за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на три години од казната.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.

To top