Хроника МВР

Претрес во Скопје, пронајдена дрога

При претрес во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и хашиш смола.

Претрес во Скопје, пронајдена дрога

Денеска (12.12.2023), полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје гo лишиле од слобода М.К.(37) од Скопје. При претрес во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и хашиш смола.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

To top