На 28.11.2024 во 17.25 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишиле од слобода С.Д.(29) од Штип.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.