Хроника Куманово

Претрес: Приведен дилер, пронајдена дрога

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени прашкаста и грутчеста материја и дигитална вага.

Претрес: Приведен дилер, пронајдена дрога

На 07.03.2024 во 21:00 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода С.С.(46) од Куманово.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени прашкаста и грутчеста материја и дигитална вага.

С.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

To top