Хроника

Пожар во стан во Скопје, оштетени неколку станови

Пожарот, информираат од полицијата, се проширил и во станот на К.З.(49), а биле направени оштетувања и на неколку други станови.

Пожар во стан во Скопје, оштетени неколку станови

На 05.03.2024 во 19.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Тале Христов“ во Скопје настанал пожар во стан сопственост на С.М.(35),

Пожарот, информираат од полицијата, се проширил и во станот на К.З.(49), а биле направени оштетувања и на неколку други станови.

Екипа на Бригадата за противпожарна Скопје го изгаснала пожарот, а повредени лица нема.

Увид на местото бил извршен од екипа од СВР Скопје.

To top