Хроника СВР Велес

Најдени примероци на заштитени птици, приведен маж од Кавадарци

Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава

Најдени примероци на заштитени птици, приведен маж од Кавадарци

Полициски службеници вчера во 15:20 часот го лишиле од слобода Р.Ѓ., на возраст од 61 година, од Кавадарци, по претходно добиено известување од Државен инспекторат за шумарство и ловство, за држење и чување примероци од заштитени птици, информираат денеска од СВР Велес.

– Полициските службеници кај Р.Г. пронашле  примероци на заштитени птици од видот „штиглец“ и „зеленки“, кои се одземени и предадени на Државен инспекторат за шумарство и ловство. Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснуваат од СВР Велес.

To top