Хроника акциска контрола на полицијата

На територија на СВР Тетово казнети 7 лица со неисправни автомобили

СВР Тетово денеска (16.01.2024) од 08.00 до 14.00 часот спроведе уште една акциска контрола, во која биле откриени и санкционирани 7 возила со неисправни сопирачки (ТЕ-5 и ГВ-2), 3 возила со неисправни светлосни уреди (ТЕ-1 и ГВ-2), 1 возило (ТЕ) со неисправен уред за управување и 2 возила со други технички недостатоци.

На територија на СВР Тетово казнети 7 лица со неисправни автомобили

Сите технички неисправни возила веднаш се исклучени од сообраќајот, а на возачите им се изготвени предвидените поднесоци со парични глоби од 400 евра во денарска противвредност.

При контролата, исто така, санкционирани се и 7 возачи (ТЕ-5 и ГВ-2) кои ги управувале возилата без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа и 1 (ТЕ) возач-почетник кој не се придржувал на законските ограничувања за оваа категорија учесници во сообраќајот, како и 15 други видови сообраќајни прекршоци ( ТЕ-12 и ГВ-3).

To top