Хроника возете внимателно

На територија на Македонија казнети 149 возачи

Во текот на вчерашниот ден (12.02.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 149 возачи.

На територија на Македонија казнети 149 возачи

Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 70 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 79 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

To top