Хроника

МВР за пукањето во Сингелиќ, пукано од возило во движење во „пасат“ со австриски таблички

МВР за пукањето во Сингелиќ, пукано од возило во движење во „пасат“ со австриски таблички

Министерството за внатрешни работи вечерва излезе со првични информации за пукањето кое се случи во Сингелиќ.

-Околу 20.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. ,,Александар Македонски”од патничко возило во движење било пукано во патничко возило ,,пасат” со австриски регистарски ознаки, при што со повреди се здобило едно лице кое е пренесено во Клинички центар, велат од МВР.

Од полицијата истакнуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Неофицијално, на лице место пронајдени се седум чаури.

To top