Хроника следува соодветна пријава

МВР со детали за апсењето на внукот на Ахмети, Дрин Ахмети

Припадниците на ЕЗС Тигар вечерва околу 20 часот од слобода го лишија внукот на лидерот на ДУИ Али Ахмети, Дрин Ахмети.

МВР со детали за апсењето на внукот на Ахмети, Дрин Ахмети

Денеска (30.12.2023) во 19.50 часот на ул.„Самуилова“ во Скопје полициски службеници запреле патничко моторно возило „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички, управувано од Д.А. (25) од с.Зајас-Кичево и при преглед на возилото се пронајдени пиротехнички средства.

Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.

To top