Хроника Влегле во Грција

Маж од Украина во Македонија донел мигранти од Сирија и Авганистан

Тие биле пренесени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка.

Маж од Украина во Македонија донел мигранти од Сирија и Авганистан

На 04.01.2024 околу 23:00 часот на Граничен премин Богородица, при контрола на товарно возило „сканија“ со полски национални ознаки, управувано од К.Ј.(60) од Украина, биле пронајдени четири лица мигранти (три од Сирија и едно од Авганистан).

Со возачот и мигрантите бил извршен службен разговор, при што било констатирано дека мигрантите, на државната граница со Република Грција, влегле во задниот дел од возилото, додека тоа не било во движење.

Тие биле пренесени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка.

To top