На 06.12.2024 во 23:00 часот во СВР Скопје, 52-годишна жена пријавила дека додека била на работното место и се јавил нејзиниот малолетен син и и рекол дека околу 19:00 часот во семејниот дом во скопско, бил физички нападнат од неговиот татко Љ.И.(48).
Според пријавата, таткото му упатувал и закани на детето.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.