Хроника Бесправно градење

Кривична за две лица: Изградена гаража за паркирање на автобуси, без одобрение

Второпријавената му овозможила да ја изгради предметната градба

Кривична за две лица: Изградена гаража за паркирање на автобуси, без одобрение

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.Н.(72) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење и против Л.Т.(59) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Првопријавениот, во текот на 2023 година, како сопственик и инвеститор на градба, на ул.„Илинденска“ изведувал градежни работи и изградил гаража за паркирање на автобуси, без одобрение за градење, а второпријавената му овозможила да ја изгради предметната градба.

To top