Хроника ја доградувал семејната куќа

Кривична пријава против охриѓанец за бесправно градење

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Ш.(55) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Кривична пријава против охриѓанец за бесправно градење

Тој, на катастарска парцела на улицата „Охридска бригада“ во Охрид, спротивно од Законот за градење и без да поседува правосилно одобрение за градба издадено од надлежен Државен орган, извршил доградба на индивидуална семејна куќа.

To top