Хроника МВР

Казнети 196 лица за брзо возење

Притоа 121 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 75 надвор од населено место

Казнети 196 лица за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (17.01.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 196 возачи.

Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 121 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 75 надвор од населено место.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

To top