Хроника МВР

Казнети 179 возачи, возеле брзо низ македонските патишта

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Казнети 179 возачи, возеле брзо низ македонските патишта

Во текот на вчерашниот ден (11.01.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 179 возачи.

Од нив три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.

Притоа 90 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 89 надвор од населено место.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

To top