Хроника повредени нема

Изгоре автомобил во скопски Аеродром

Денес (10.11.2023) во 05.22 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Видое Смилевски – Бато“, настанал пожар во патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ф.П.(29) од Скопје.

Изгоре автомобил во скопски Аеродром

Противпожарна бригада го изгаснала пожарот, а повредени лица нема.

Увид на местото бил извршен од екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

To top