Хроника излетал со возилото од патот

Исчезнатиот велешанец пронајден мртов

Според информациите, тој излетал со своето возило и од здобиените повреди починал.

Исчезнатиот велешанец пронајден мртов

Велешанецот кој во полиција беше пријавен за исчезнат, денес бил пронајден починат на автопатот „Пријателство“.

Според информациите, тој излетал со своето возило и од здобиените повреди починал.

-Денеска во 14.45 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот „Пријателство“, во правец од Скопје кон Велес, на околу 1.400 метри после исклучок за езеро Младост, било пронајдено излетано возило од патот, „форд фокус“ со велешки регистарски ознаки. Во несреќата, од здобиените повреди починал возачот П.Д.(59) од Велес, за кој на 06.12.2023 неговиот внук пријавил дека се оддалечил од домот. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош-Велес, а увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Велес. По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција, велат од СВР Велес.

To top