Тетовка (31) вчера попладнето го пријавила поранешниот сопруг во полиција.
Според пријавата, информираат од СВР Тетово, Ш.И. (36) од Тетово во неговиот дом ја силувал нивната малолетна ќерка.
-На 28.06.2024 во 00.50 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ш.И. (36) од Тетово, велат од полицијата.
За настанот бил известен јавен обвинител, се преземаат мерки за расчистување на случајот.