Хроника Долно Блаце

Џип украден во Италија најден во Македонија, го возел маж од Студеничани

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.      

Џип украден во Италија најден во Македонија, го возел маж од Студеничани

На 27.03.2024 во 15:40 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода Џ.Р.(39) од с.Црн Врв, општина Студеничани.

При извршена гранична контрола било констатирано дека патничкото возилото „џип компас“ со италијански национални ознаки, кое го управувал, сопственост на правно лице од Италија, евидирало во базата на Интерпол како украдено.

Тој бил задржан во Полициското одделение Мирковци, а возилото било одземено за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Теми на денот

To top