Хроника Долно Блаце

Албанец со украдено англиско возило сакал да влезе во Македонија

Лицето и возилото биле предадени на полициски службеници од ЕВР Чаир за понатамошна постапка.

Албанец со украдено англиско возило сакал да влезе во Македонија

На 18.01.2024 во 18:30 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода M.E.(20) од Република Албанија.

При извршена гранична проверка и контрола било констатирано дека возилото „ауди а8“ со англиски национални ознаки, кое го управувал, евидира во Секторот за меѓународна полициска соработка – Интерпол како украдено.

Лицето и возилото биле предадени на полициски службеници од ЕВР Чаир за понатамошна постапка.

To top