Покрај тоа што му била пронајдена дрога кај истото лице констатирани се неправилности, односно работење на црно, не се издавале фискални сметки и не се пријавувал дневниот промет. Дополнително од страна на Државниот пазарен инспекторат е констатирано пушење цигари во правниот објект, поради што е изречена соодветна санкција.
Скопје инфо нефицијално дознава дека вчера од страна на ОВР Берово е поднесена кривична пријава по член 215, став 2 од КЗ (неовластено пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурзори) против лицето Гриовски Герасим од Берово, сопственик и управител на GG kom.dooel Берово ( Калипсо) кој е советник во градот Берово и член на владеачката СДСМ, пишува порталот skopjeinfo.mk.