Хроника СВР Скопје

Без овластување си направиле менувачници, кривична пријава за три лица

При претресите биле пронајдени машина за броење на пари, поголема сума на пари во различни апоени и валути и други предмети.

Без овластување си направиле менувачници, кривична пријава за три лица

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Ф.(61),И.Ш.(55) и М.Х.(39), сите тројца од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено продавање или купување готовински странски и платежни средства и чекови” по член 55 од Законот за девизно работење.

Имено на 13.01.2024, полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал извршиле претреси во три деловни простории во Скопје, при што ги затекнале пријавените при неовластено вршење купопродажба на странски пари односно работеле како менувачници без да имаат регистрирано правно лице во Централен регистар и без овластување издадена од Народна Банка на РМ.

При претресите биле пронајдени машина за броење на пари,поголема сума на пари во различни апоени и валути и други предмети.

To top