Сопругот на почината жена Р.Ш. (50), заедно со малолетниот син се префрлени во Клиничката болница во Тетово за да им биде укажана лекарска помош. Потоа лицето Р.Ш. ќе биде задржано во полициска станица за понатамошна постапка, велат од СВР Тетово.
Доктор од селото Теарце, тетовско денеска околу 14 часот пријавил дека во селото Слатино е повикан за интервенција каде констатирал смрт кај 36-годишна жена и нејзината малолетна ќерка во нивната семејна куќа, информираат од СВР Тетово.
Оттаму велат дека докторот е повикан од мајката на починатата жена, која претходно ги нашла двете тела без знаци на живот.
-По увидот на Јавниот обвинител, дадена е наредба телата на починатите да бидат предадени на обдукција, се вели во соопштението од СВР Тетово.
Сопругот на почината жена Р.Ш. (50), заедно со малолетниот син е, според информациите од полицијата, се префрлени во Клиничката болница во Тетово за да им биде укажана лекарска помош.
-Потоа лицето Р.Ш. ќе биде задржано во полициска станица за понатамошна постапка,соопштија од СВР Тетово.
Според неофицијални информации, за што вечерва известуваат и дел од медиумите, се работи за семејство што живеело во супстрандарди услови.