Хроника

Автомобил излета од пат, возачот тешко повреден

Автомобил излета од пат, возачот тешко повреден

Денеска (14.12.2023) во 01.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека во с.Челопек, тетовско, патничко возило „фолксваген лупо“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(25) од с.Челопек, излетало надвор од коловозот, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово.

To top