Вести одбележување

ГАЛЕРИЈА: 5 години Македонија членка на Алијансата – Продолжуваме со силно темпо да ја развиваме нашата НАТО Армија

На одбележувањето на годишнината од членството во НАТО, за прв пат во македонската Армија беше доделен и „НАТО медалот за будност“ и тоа на вкупно 326 армиски припадници кои учествуваа во рамките на мултинационалните сили на Алијансата во Латвија, Романија и Бугарија од јуни 2022 до декември 2024 година. Овој медал кој се однесува на персонал кој бил под команда на Врховниот командант на сојузничките сили за Европа од 24 февруари 2022 година.

ГАЛЕРИЈА: 5 години Македонија членка на Алијансата – Продолжуваме со силно темпо да ја развиваме нашата НАТО Армија

Одбележување на петгодишнината од членството на нашата земја во НАТО – Алијансата се одржа денеска во касарната „Илинден“, а започна со едноминутно молчење и со испалување на 59 почесни плутони во спомен на 59-те жртви во трагичниот настан во Кочани.

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски порача дека на овој ден не го одбележуваме само јубилејот од членството во НАТО, туку и нашето заедништво и меѓусебна поддршка. Мисајловски истакна дека НАТО не е само воено-политички сојуз кој ги штити надворешните граници на земјите членки, туку сојуз кој има една заедничка суштина – грижата едни за други.

Кабинет на Претседател

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова порача дека уште од првите години на нашата самостојност и независност изграден е натпартиски консензус меѓу македонските граѓани за потребата од интеграција во НАТО како услов за создавање амбиент на мир, стабилност и просперитет на генерациите што доаѓаат. Македонското членство во НАТО, рече претседателката, беше препознаено како врвна стратешка цел заедно со членството во Европската Унија.

Кабинет на Претседател
Кабинет на Претседател
Кабинет на Претседател

На одбележувањето на годишнината од членството во НАТО, за прв пат во македонската Армија беше доделен и „НАТО медалот за будност“ и тоа на вкупно 326 армиски припадници кои учествуваа во рамките на мултинационалните сили на Алијансата во Латвија, Романија и Бугарија од јуни 2022 до декември 2024 година. Овој медал кој се однесува на персонал кој бил под команда на Врховниот командант на сојузничките сили за Европа од 24 февруари 2022 година.

Министерство за одбрана
Министерство за одбрана
Министерство за одбрана

Најнови вести од Вести

To top